Image default
Спорт Фудбал

Роналдо полека, но сигурно урива рекорди

Португалскиот фудбалер и играч на Јувентус, Кристијано Роналдо, по историскиот рекорд со кој стана првиот фудбалер, кој успеал во Лигата на шампиони да оствари 100 победи, сега повторно ќе испише нова историја, овој пат во Серија А.

Роналдо успеа да се запише десет пати во листата на стрелци и со тоа  се изедначи со Пијатек, а во петок, во дерби мечот, ќе брка лидерско место на листата на стрелци. Како дебитант странец, само еден фудбалер успеал да постигне двоцифрен број голови, меѓутоа на 14 мечеви, а тоа е Шевченко. Ако Португалецот, реализира погодок во петок, ќе биде осамен на лидерското место.

Португалскиот напаѓач успеа да поентира и во друг рекорд, овој пат клупски, со што стана фудбалер со најбрзо постигнати десет голови во историјата на Јувентус, а го помина легендарниот Велшанец Џон Чарлс.

Извор: derbi.mk

Поврзани вести

Леброн: Кливленд дома игра подобро

Лацио му ја зголемува платата на Имобиле за 700 илјади евра

Кампацо со чудесен кош преку целиот терен ја збудале публиката во Мадрид (Видео)

Дафинка Печорова