Вести Македонија

Почина 48 годишен гостиварец

48 годишен гостиварец го загуби животот во несреќа која се случи вчера попладне во Гостивар, на улицата „Илинденска”, во близина на поранешен „Жито Шар”.

Според информациите од полицијата и обвинителството, до несреќата дошло при разминување на камион „Мерцедес” со гостиварска регистрација, што го управувал 58-годишниот гостиварец Б.С, и „опел фронтера”, управуван од 48-годишниот Д.Џ од Гостивар. Во моментот на разминување на двете возила, дошло до лизгање на арматурни шипки што не биле соодветно обезбедени, при што една од нив влегла низ прозорецот на автомобилот нанесувајќи му тешки повреди во главата на возачот.

Повредениот, со возило на Брза помош бил пренесен во гостиварската болница, каде му била укажана лекарска помош, но набрзо им подлегнал на повредите.

Јавниот обвинител наредил обезбедување на снимки од околните камери, сообраќајно техничко вештачење на возилата, прибирање траги од лице место, како и анализа на крв и урина на возачот. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а возачот на камионот е задржан во ПС Гостивар.

Надлежните соопштија дека ги преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Зоран Димовски

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]