Image default
Спорт Фудбал

Повреден играч од Јувентус

Како што пренесуваат италијанските медиуми, 37-годишниот стопер на Јувентус, Андреа Барзалји ќе мора да замине на пауза поради повреда на ректус феморис, еден од четирите мускули кои го сочинуваат квадрицепсот.

Барзалји не е стандарден оваа сезона во Торино, одигра само 200 минути фудбал оваа сезона, но без сомнеж ќе недостатува на екипата во поглед на ротацијата.

Поради повреда, го очекува рехабилитација од 45 до 60 дена, и јасно е дека за него оваа година е звршена.

Без сомнеж ќе ги пропушти дерби дуелите со Интер, Рома и Торино, како и последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите со Јанг Бојс, но и мечот од Суперкупот на Италија против Милан.

Извор: supersport.mk

Поврзани вести

Погба има нова фризура, ама не може да ја покаже

Кире Андонов

Составот на Хрватска и натаму најголема дилема на денот на СП

Неповторливиот Дражен Петровиќ денес ќе наполнеше 54 години (Видео)

Вања Мицевска