fbpx
Image default
Вести Македонија

Кабинет на Ципрас: Мицотакис да не си игра со клучните национални прашања

Од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, преку соопштение одговараат на изјавата на лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис и бараат од него да биде сериозен и „да не си игра си клучните национални прашања”, јави дописничката на МИА од Атина.

– Не е доволно што господинот Мицотакис заборава дека во времето на неговата влада беше признаено постоењето „македонски јазик” во 1997 на конференција на ОН. Не е доволно што во неговото неодамнешно интервју за „Политико” доброволно отвори прашање за „автономистички сили” во Грција. Продолжува со опасниот лизгав пат, сега доброволно отворајќи прашање за „малцинство”, иако знае многу добро дека Договорот од Преспа комплетно го затвора и последниот прозорец за таква можност, соопштуваат од кабинетот на Ципрас и додаат дека „ПЈРМ и Заев мора внимателно и прецизно да се држат до договорот за да се интегрираат во НАТО и ЕУ”.

Превземено од:

Поврзани вести

Австрaлија: Во Декември 2018 година измерен најтоплиот ден во историјата на оваа земја

Габриела Додевска

Одлуки од 115-та седница на Владата

Кире

За 10% поскапуваат водата и таксата за канализација во Битола

Вања Мицевска