fbpx
Image default
Вести Македонија

И Кавадарци со екстремно загаден воздух

Кавадарчани синоќа се гушеа во загаден воздух со ПМ 10 честички. Над 400 мигрограми на метар кубен беа измерени во текот на вечерта или десет пати над дозволената концентрација. Граѓаните реагираат преку  социјалните мрежи и бараат решавање на проблемот. Велат дека поради загадениот воздух се соочуваат со кашлица и други проблеми со респираторните органи.

Се огласија и активистите од групата „Еко аларм“.  Препорачуваат забрана за градежни активности од поголем обем,  привремена забрана за транзит на тешки товарни возила низ градот, инспекциски служби постојано на терен да вршат увид, а да биде отворен и  дежурен телефонски број за пријавување на забележани загадувачи. Тие предлагаат и редовно миење на улиците.

„Најмногу загадувањето не е само во нашата општина туку  и во Европа доаѓа од согорувањето на јагленот. Тука влегуваат и индустриските капацитети кои имаат некои слични видови на горива и сите граѓани како поединци придонесуваат за ова.  Нашите насоки за подобрување на оваа состојба  ќе бидат со подигање на еколошката свест и подобрување на инспекцискиот надзор со најновите технологии на мерни инструменти кои ќе го покажуваат точниот извор на загадување. Тие инструменти во Европа постојат но во Македонија сеуште не“ изјави за Канал 77 претседателот на „Еко живот“, Роберто Паризов.

Инспекторот за животна средина во општина Кавадарци, Јованче Колев,. вели дека интензивно работат на терен за откривање на загадувачите. Покрај редовните, се вршеле и вонредни контроли. Тој информира дека биле изречени неколку опомени и прекршочни казни, а загадувањето на воздухот било и од граѓаните и од фирмите.

Инспекторите забележале горење на гума и пластика на отворено, но и користење на прегорено масло за затоплување на домовите.

Во насока на решавање на проблемите со загадувањето од вечерва во Кавадарци започнува изработката на Локален еколошки акционен план, за кој екологистите тврдат дека е од огромна потреба. Заедно ќе работат „Еко живот“, општината и регионалната стопанска комора.

„На општина Кавадарци и е потребен ЛЕАП кој што го немаме веќе петнаесетина години. Еднаш беше  изработен во  1998 година и не е ревидиран. Во нашата општина се чувствува голема потреба за тој стратешки документ во секојдневните еколошки проблеми. Ние сме подготвени да го изработиме  и во наредните години да биде во сервис на граѓаните и институциите. Самиот документ ќе допринесе за подобрување на состојбата со животна средина во општината. Кавадарци е втора општина по големина и има доста за работа. Ќе ги опфатиме сите сегменти, аерозагадувањето кое е  изразено особено во зимските месеци, квалитетот на водите и почвите, климатските промени“ вели првиот екологист во Кавадарци и апелира граѓаните да се воздржат од горење на опасни материи за затоплување на домовите.

Ангел Данов

 

Превземено од:

Поврзани вести

Во Куманово вчера три пожари

Трајче Гогов

Мицковски во Виница: Во Македонија владее црнило и темнина

Габриела Додевска

Средба Заев-Хан на Светски економски форум во Давос

Кире