Вести Македонија

Жбогар – Европската унија е синоним за правда демократија мултикултурализам а не само економска заедница.

Европската унија е синоним за правда демократија мултикултурализам а не само економска заедница. Ова на младите во Тетово им го порача евроамбасадорот Самуел Жбогар на трибината која се одржа на Тетовскиот универзитет, со наслов Визијата на младите за Европската унија.

Тој рече дека најважен е патот на трансформација на земјите кои сакаат да бидат дел од европското семејство. Тоа ќе овозможи Европската унија да дојде во Македонија, а не младите да заминуваат по подобра иднина во западно – европските земји.

Како позитивен пример за вредностите на Европската унија, Жбогар ја посочи помошта која унијата ја дава на локалните заедници.

Жбогар на трибината го слушна и мислењето на младите за Европската унија, кое е најважно и за самиот просперитет на новите земјите членки.

Зоран Димовски

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]