fbpx
Image default
Вести Свет

Вооружен напад во Мексико: Шестмина полицајци ги загубија животите

Фото: Dallas Morning News

 

Вооружени мажи нападнаа полициски конвој во западниот дел на Мексико, обидувајќи се да ослободат затвореник, при што се убиени шест полицајци, соопштија локалните власти. Тоа е најсериозниот напад извршен од криминална банда, откако во саботата стапи на должност новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој вети дека ќе ја намали стапката на насилство во земјата.

Јавниот обвинител на државата Халиско, Марисела Гомез Кобос изјави дека вооружената група патувала со три возила и го нападнала полицискиот конвој во близина на автопатот. Еден од напаѓачите бил повреден и уапсен.

Останатите напаѓачи избегале и направиле две барикади на патот со опожарени автомобили. Наркокартелите во Мекиско често употребуваат таква тактика, со цел да си обезбедат пат за бегство.

Во државата, каде што е извршен нападот, дејствува наркокартелот „Халиско – Нова генерација“.

 

Извор: МИА

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Прегазени двајца пешаци во Прилеп

Габриела Додевска

Епископската базилика во Стоби следниот месец треба да го добие оригиналниот изглед од шести век

Вања Мицевска

Собранието ќе го гради ставот за кампањата за референдумот

Трајче Гогов