Image default
Вести Македонија

На учениците со посебни потреби им треба инклузија во образовниот процес

Престава и подароци обезбедија општинските власти за учениците во специјалната паралелка во основното училиште Лирија во Тетово. На учениците им се разубави денот, се запознаа со кловнот со родителите од нивните соученици и со градоначалничката на Тетово  Теута Арифи .

Но ваквите дружења и комуникација како денешната кога се одбележува Меѓународниот ден на лица со посебни потреби е ретка. Оваа категорија ученици засега мора да учат одвоено од другите деца. Нивната инклузија е процес која се уште трае, велат локалните власти.

Директорката на основното училиште Лирија од Тетово Шпреса Исени, истакна дека специјалната паралелка во нивното училиште постои повеќе од четири децении. Но децата со посебни потреби во зависност од нивната возраст вели таа, е многу подобро да бидат распоредени во паралелките во училиштето, каде со нив би работеле стручни лица.

Во Тетово освен во Лирија, специјална паралелка има и во Основното училиште Андреја Савески Ќиќиш.

Поврзани вести

Двајца повредени во сообраќајка во Велес

Трајче Гогов

На Грујевски за „Трезор“ ќе му се суди во отсуство

Закажани се нови рочишта за „Титаник 2″ и „27 април”