Image default
Македонија Спорт

Тетово опен 2018: Победници ветераните од Струмица и ветеранките на Работнички Скопје

Машката екипа на ветерани Струмица и женската екипа на ветаранки Работнички Скопје се победници на турниро во одбојка Тетово опен 2018 година Целта на турнирот е да се промовира одбојката и да се доближи до младите.

На одбојкарскиот турнир за ветерани и ветеранки Тетово опен 2018 учествуваа 6 екипи. Организаторот Ивица Хаџи Илоски Чајка вели дека за одбојката која во Тетово па и во Македонија била многу популарна младите немаат интерес, затоа и се организира овој турнир, кој има за цел и да се видат дружат и спортуваат  поранешните одбојкари.

Спортските работници велат дека одбојката во Македонија го губи квалитетот, затоа што младите се повеќе учат за овој спорт од телевизиските преноси. Затоа и ваквите турнири се повеќе од неопходни.

Поранешниот одбојкар Александар Тасевски вели дека е потребна враќање на младинските школи за одбојка.

Турнирот во одбојка за ветерани и ветеранки Тетово опен 2018 година кој се одржа годинава е трети по ред. Истиот го организара семејството Хаџи Илоски од Тетово познато по успесите во овој спорт.

Зоран Димовски

Поврзани вести

ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот

Двајца македонски државјани меѓу загинатите во верижен судар во Србија

Малолетници од скопски Аеродром фрлиле низ прозор своја соученичка