Image default
Вести Свет

Вучиќ: Веројатно требаше да го уапсиме Груевски без потерница, така некому би му биле најдобри на светот

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето вечерашно обраќање пред јавноста, меѓу другото се осврна и на бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку Србија.

„Би бил најдобар на светот доколку речам дека ние сме виновни затоа што немаше никаква потерница, а веројатно требаше без никаква потерница да го уапсиме Груевски, па да бидеме единствената земја на светот која без никаков акт, без причина апси, а потерницата е издадена 48 часа откако ја напуштил земјата. Но бидејќи и јас и нашата земја ги почитува правните норми и нема да дозволиме нашата земја никој да ја понижува, претпоставувам за многумина сме виновни“, изјави Вучиќ.

Тој го прокоментира и интервјуто на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај за „Вечерњи лист“ во врска со создавањето пакт меѓу Хрватска, Македонија и Црна Гора против Србија.
„Ние нема да правиме никакви пактови, ниту ќе рушиме нечии. Ние ќе соработуваме со сите. И со Скопје и со Подгорица и со Загреб и со Приштина и со сите, доколку сакаат да имаме нормални односи и соработка. Но никогаш и на никого нема да му дозволиме на ја понижува нашата земја”, додаде Вучиќ.

Поврзани вести

„Гугл плус“ ќе биде ставен вон функција

Втор ден се слушаат „бомбите” во „Титаник”

Времето денес: Сончево и топло со мала локална облачност