Image default
Македонија Спорт

Ученици со посебни потреби од источниот регион се натпреваруваа во Штип

Ученици со посебни потреби од основните училишта во Штип, Виница и Делчево и од државното средно училиште за образование и воспитание „Искра” денеска во спортската сала „Јордан Мијалков” во Штип се натпреваруваа во спортски игри.

Настанот е организиран во рамки на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден за лица со интелектуална попреченост.

– Овде нема победени и поразени, овде победник е толеранцијата, дружењето и искреното другарство помеѓу вас. Како градоначалник на општина Штип ги поздравувам ваквите настани, но со една порака и апел до сите чинители во општеството – дека помош и грижа треба да се пружи во текот на целата година, постојано, а не само на денот посебен за нив, истакна градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Учениците се натпреваруваа во фудбал, кошарка, пикадо, корективна гимнастика и други дисциплини, а спортскиот турнир се организира традиционално секоја година.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Зголемен број на скршеници и повреди во Тиквешко како последица на снегот и мразот

Трајче Гогов

Русија:Преименувањето на Македонија треба да се дискутира во Советот за безбедност

Весна Коловска

Откажани се неколку летови од аеродромот во Скопје

Вања Мицевска

Агим Шаќири од ДУИ завршил во болница затоа не гласал за одземање на имунитетот на Вељаноски

Весна Крстева

Повреден рудар во рудникот ,,Булмак“

Весна Крстева

Сијарто за париски „Ле Монд” се правда за азилот кој му беше доделен на Груевски

Трајче Гогов