Реал Мадрид договори уште еден талент, а по супер талентираните Винисиус Жуниор и Родриго Гоас, Флорентино Перез наводно го убедил Браин Дијас од Манчестер Сити.
Шпанскиот фудбалер има 19 години и Пеп Гвардиола во него има голема надеж. Дијас е голем талент заедно со Фил Фоден и неколку пати Гвардиола кажа дека ќе смета на него во иднина.
Сепак, Шпанецот очигледно не верувал во тие ветувања, а исто така му било тешко да го одби повикот од Реал Мадрид.
Дијас од први јануари ќе потпише преддоговор со „кралевите“, а наредното лето ќе се пресели во Мадрид како слободен фудбалер.
Постои опција Реал да го ангажира уште во јануари, доколку платат одредена сума за него.
Извор: supersport.mk