Image default
Култура Македонија

Недела на Шпански филм во Битола

Националната установа Центар за култура-Битола и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, вечер ја почнуваат неделата на Шпански филмови кои во битолското 3Д-кино ќе се емитуваат секоја вечер, до 5. декември.

Неделата на Шпански филм ќе почне со филмот „Добредојдовте господине Маршал”, а според програмата ќе бидат емитувани и филмовите „Чико и Рита”, „Југот”, „Смртта на велосипедистот”, „Без срам” и „Црвената верверичка”, а на свеченото затворање ќе биде емитуван филмот „Пеперутка”.

Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека филмовите се со превод на македонски јазик, а влезот за секоја филмска проекција е бесплатен.

Поврзани вести

Градоначалникот на Кавадарци сработил 60 отсто од програмата само во првата година

Дафинка Печорова

Судењето за „27 ми април“ продолжува денеска во Кривичен суд

Вработените на Фени на протести пред Велешкиот суд, не го даваат комбинатот