Image default
Спорт Фудбал

Де Хеа има два услови за да остане во Јунајтед

Жозе Мурињо сака да го продолжи договорот со голманот Давид Де Хеа, но Шпанецот има два услови за да остане во Манчестер Jунајтед.

Де Хеа ја одби понудата од 275.000 фунти, па смета дека треба да добие плата од 350.000 фунти плус бонуси, зашто е најдобар голман во светот.

Покрај тоа сака гаранција од Јунајтед дека може да создадат сериозна екипа, која ќе може да се бори за трофеи.

Ако тоа не се случи до наредниот месец и не потпишат договор, Јунајтед ќе ја активира клаузулата во договорот и ќе го продолжи до 2020 година, но тоа е само одложување, зашто тогаш Де Хеа би можел да замине како слободен фудбалер.

Мурињо се надева дека Жорж Мендеш ќе го убеди својот агент да потпише договор, но не е познато ниту дали Португалецот ќе остане на тренерската клупа на Јунајтед, доколку продолжи со катастрофалните настапи.

Извор: supersport.mk

Поврзани вести

Барселона, Челзи, Арсенал, Наполи и на крајот – Вест Хем!

Роналдо не доаѓа на доделувањето на Златната топка

Дафинка Печорова

Роналдо ,,клекна на колена” и ја запроси Георгина во Лондон