Image default
Вести Македонија

21 возач во Скопје ноќеска возел во алкохолизирана состојба

Кај 21 возач од 120 контролирани во полициска акција во Скопје ноќеска е утврдено присуство на алкохол,  соопшти МВР.  Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ја спровело контролата меѓу  23 часот синоќа до 5 часот утрово. Еден од контролираните возачи одбил да биде алкотестиран.

Зегин

-Откриени се и 46 останати прекршоци. Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената сроведена е акциска контрола вчера од 6 до 22 часот, при што констатирано е дека триесет и двајца возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 32 мандатни платни налози. Исто така, констатирани се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 22 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози, соопшти МВР.

Зегин

Поврзани вести

Сијарто до Димитров: Барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање

ВИДЕО: Необјавен спот на Влатко Илиевски

Кире Андонов

Институциите во Куманово на тест за справување во кризни состојби