fbpx
Image default
Вести Македонија

Превртена гајба и истурени бадеми на „Партизанска“ – Навреди за жената што продава кај Буњаковец (Видео)

Бев сведок на нечовечност, нехуманост…- вака еден скопјанец ја започнува приказната за настанот на кој сведочел денеска на булеварот Партизански одреди во Скопје. Видеото кое го снимил скопјанецот веќе вирално се шири во македонскиот интернет простор, а според истото, комунален инспектор од Град Скопје вербално ја нападнал со погрдни зборови жената која продава овошје и апетисани во близина на Буњаковец.

Трудејќи се да заработи денар повеќе, оваа жена секојдневно ја мести својата скромна тезга на гајби, а со оглед на тоа дека се работи за централниот дел од градот, жената за многумина е позната, па корисниците на социјалните мрежи веќе коментираат осудувајќи го однесувањето на инспекторот, кој прво ја истурил гајбата со робата. Потоа ја истурил робата и од торбата на жената, по што ги искинал кесите со бадеми, истурајќи ги на тротоарот, кои пак, продавачката, ги собирала еден по еден.

Граѓаните реагираат и покрај тоа што се работи за нелегална продажба, бидејќи како што велат, властите не се занимаваат со покрупни, односно посуштински прашања.

Адвокатката Павлина Зефиќ веќе поднела и пријава до Град Скопје, наведувајќи дека поради своето постапување, службеникот треба да биде соодветно санкциониран. Во изјава за ММС таа додава дека инспекторот требало прво да ја предупреди жената, која инаку е во одминати години, а дури потоа да и’ издаде глоба и да не се однесува на начин кој е недозволив. Според адвокатката, надлежните треба поревносно да се борат со загадувачите на воздухот, а не со ситните прекршители на законот.

Локалните власти, сега имаат рок од 15 дена за да донесат одлука по поднесената пријава.

 

Поврзани вести

Насловна Македонија МЗШВ: Новите концесии гарантираат заштита на рибите во риболовните води МЗШВ: Новите концесии гарантираат заштита на рибите во риболовните води

За прв пат по десетина дена, откако започнаа да протестираат тетовските студенти се огласија најповиканите

Габриела Додевска

Почнува Божикниот пост