Image default
Вести Македонија

Таравари по три дена одлучи да зборува пред камера за трагичниот настан

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари по три дена од катастрофалната несреќа во која 17 годишна девојка се удави откако падна во водите на реката Вардар бегајќи од кучиња скитници, одлучи да се обрати јавно пред камера. Порача да не се политизира целиот случај.
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари рече дека ова е една од најлошите трагедии, но и најтешката за него пресс конференција. Одлучил да ја одржи затоа како што рече многу имало манипулирање со случајот, од структури кои сакале да дојдат на власт во Гостивар
За да нема манипулација секој може да провери во полициски извештај како настана трагедија, рече Таравари.
Инаку Според полицискиот извештај 17 годишната девојка падна и се удави во водите на Вардар во Гостивар откако беше нападната од кучиња скитници Жителите на селото и роднините на девојчето побараа одговорност од општината за трагичниот настан. Локалната власт пак смета дека доволно работи на решавање на проблемот со кучињата скитници.

Зоран Димовски

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Во Велес досега поднесени дваесеттина апликации за ИПАРД 2

Кире Андонов

Дневен билтен на Општина Штип – 13.07.2018

Моја Општина

Судот за човекови права во Стразбур пресуди во корист на Макрадули: Мијалков му го повредил правото на слободно изразување

Вања Мицевска

Во грчките весници објавен Преспанскиот договор на грчки и англиски јазик

Весна Коловска

Спасовски: Централата во ОЈО е набавена 2012, за можноста за снимање укажав уште во април

Габриела Додевска

Малолетници од скопски Аеродром фрлиле низ прозор своја соученичка

Вања Мицевска