Image default
Вести Македонија

Мосот на железничката линија Велес – Гевгелија саниран: Патничкиот воз утрово помина преку мостот на Црна Река

Патничкиот воз за Гевгелија, утрово во 7 часот и 45 минути замина од железничката станица во Велес и помина преку мостот на Црна Река. По него по мостот поминаа уште два товарни возови до Гевгелија. По четириесет дена нормализиран е сообраќајот на железничката пруга Скопје  – Гевгелија.  Мостот попушти на 29 септември годинава и откако заврши санацијата на носечкиот столб, беше подложен на тестирање. Прва помина локомотива тешка 120 тони по што професорот по бетонски мостови на Градежен факултет Скопје, Горан Марковски констатираше дека е безбеден за патнички и товарни композиции.

Зегин

-Резултатите се одлични и се совпаѓаат со пресметките што претходно ги имавме, изјави Марковски.

Зегин

Прашан дали реконструкцијата нуди трајно решение за 48 години стариот мост, Марковски одговори „Сметаме дека оваа санација што е направена сега за тие елементи на мостот може да премине во трајно решение за мостот. За попрециен одговор мора да се направат подетални истраги на целата конструкција“, рече Марковски.

Сега, брзината на минување на возовите по мостот е намалена, вели помошник директор за пруги во МЖ,  Владимир Трајковски.

-За почеток по мостот ќе се вози со намалена брзина од 20 км на час. Ќе вршиме контроли и мерења и доколку констатираме дека нема проблеми во однос на состојбата на мостот предвидуваме да го пуштиме сообраќајот нормално да се одвива на овој дел на пругата, рече Трајковски.

Железничката пруга Скопје – Гевгелија е дел од Коридорот 10 преку кој солунското пристаниште е поврзано со Европа.  ЈП „Македонски железници” пресмета загуба од речиси еден милион и 360 илјади евра од 40 дневниот прекин на железничкиот сообраќај.

Поврзани вести

Климата на Земјата би можела да излезе од контрола

Оставки од Заев и Спасовски, бара опозицијата (Видео)

Вања Мицевска

Општина Карбинци-Се чистат патишта оштетени од невреме