Image default
Вести Македонија

Лиценцираните таксисти ќе се означуваат со жолти табли и еколошки налепници

Фото: Македонска информативна агенција

На лиценцираните такси автомобили задолжително ќе се поставуваат жолти табли со што граѓаните ќе ги разликуваат од нелегалните превозници и сите ќе бидат означени и со еколошка налепница за степенот на емисијата на штетни гасови што ќе ја покажува и зоната во која ќе можат да се движат. Ова го предвидува новиот Предлог закон за возила, што денеска ги претставија министрите за внатрешни работи и за економија, Оливер Спасовски и Крешник Бектеши, со претставници на Здружението на таксисти.

„Целта е средување на состојбите во такси превозот со сузбивање на нелиценцираните таксисти и поголема безбедност на граѓаните и учесниците во сообраќајот. Со законските новини се укинува и налепницата при регистрација на ветробранското стакло на возилата, која што чинеше по едно евро, но немаше улога затоа задолжително мора да биде контролирана сообраќајната дозвола“, изјави Спасовски.

Тој рече дека сега не се знае кои возила колкава штета предизвикуваат со издувните гасови поради што со налепниците ќе се зголемат обврските и одговорноста на центрите за технички прегледи за да прават детални анализи:

„Врз основа на тоа секое од возилото ќе добие налепница. Тој што емитува најмногу штетни гасови ќе има црвена налепница, тие со помал обем на штетни гасови жолта, а оние коишто се во рамки на нормалното ниво со зелена. Тоа не значи дека дефинитивно старите возила ќе имаат црвени налепници, а новите зелени затоа што постојат разлики во зависност од возилата. Општините и Град Скопје ќе носат одлука дали во одредено подрачје врз основа на нивна сообраќајна студија тие возила не треба да се движат во одреден временски период“, рече Спасовски.

Според претседателот на Здружението на таксисти, Абдула Рушити новините ќе предизвикаат трошоци за таксистите, но, како што потенцираше ќе бидат минорни во однос на штетите што ги трпат од работата на дивите превозници во овој сектор.

Според него, за 45 од 53-те такси компании во нивното Здружение е прифатливо да се воведат жолти табли со кои ќе се препознаваат таксистите.

Законот е на Предлог на Министерството за економија, кое како што укажа ресорниот министер Крешник Бектеши, предвидува и усвојување програма за субвенционирање на граѓаните и правните лица кои ќе набават електрични и хибридни автомобили, како и за оние кои ќе постават уреди на плин или метан.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Продолжува судењето за „Титаник” на СЈО

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев e заинтересирана само за криминални тендери, а не за развој на економијата

Голем пожар и густ час денеска ги вознемири гостиварци

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен штипски градоначалник

Вања Мицевска

Продолжува судењето за „27 април“

Вања Мицевска

Калифорнија: Наредена евакуација на уште 10.000 луѓе

Трајче Гогов