Image default
Вести Македонија

Левица реагира за аерозагадувањето: Владините популистички мерки не се решение

Решавањето на енормното загадување на воздухот мора да биде врвен приоритет на секоја власт, со оглед на тоа што статистиките потврдија дека во Скопје секој четврти смртен случај е директна последица на загадениот воздух. Корумпираноста и неспобноста на власта и институциите не ја чини државата само милионски трошоци за лекување на здравствените проблеми, туку уште пострашно, ја чини и изгубени човечки животи – реагираше денеска партијата Левица.

Зегин

Денеска во соопштение за јавноста, тие наведуваат дека ваквиот  проблем не е наследен само од претходната власт, како што актуелната влада тврди, обидувајќи се да избегне одговорност, туку е резултат на катастрофалните економски политики  водени во корист на профитот на моќните финансиски елити. Крајниот резултат од ваквите економски политики, кои во луѓето и природата гледаат само потенцијал за акумулирање на богатство и со децении ги имплементираат двете најголеми политички партии, се деградираните работнички права, огромната класна раслоеност и уништената животна средина – додаваат од партијата. Според нив, Владата наместо да се справи со најзагадениот воздух во Европа, продолжила со деструктивните  проекти на претходната гарнитура.

Зегин

Наместо новата влада предводена од СДСМ справувањето со најзагадениот воздух во Европа да го постави како главен приоритет и да понуди системско и долготрајно решение за истиот, таа ги продолжи деструктивните градежни и индустриски проекти на претходната гарнитура, проекти чиј единствен добробит оди во џебот на мал број моќници, кои евидентно профитираат од секоја политичка партија која е на власт. Проблемот со загадениот воздух е директно предизвикан од спрегата градежна мафија/ тешка индустрија со власта, а тоа го дозволува неправедно поставените односи во системот каде токму најголемите профитери од градежната експанзија се јавуваат како најголеми финансиери на двете политички партии.

Затоа краткорочните популистички мерки со кои владата се обидува да манифестира решителност за справување со проблемот, како што е субвенционирањето на електрични тротинети и бесплатниот јавен превоз, скоро и да немаат никаков импакт врз неговото решавање. Дури и заменик – министерот Јани Макрадули се обиде да манипулира со јавноста со изјавата дека 90 проценти од загадувањето доаѓа од домаќинствата кои се греат на дрва, со цел одговорноста да биде прелоцирана од најголемиот загадувач, тешката индустрија. Ако го имаме во предвид добро познатиот факт дека загаденоста во Скопје беше на огромно ниво и за време на летниот период, како и статистиките кои потврдуваат дека помалку од 50 проценти од загадувањето доаѓа од домаќинствата, станува јасно дека ни оваа влада, по примерот на претходната, нема политичка волја да имплементира базични еколошки мерки и политики спрема големите индустриски гиганти, од кои дури половина користат кокс како енергенс кој важи за голем загадувач и чии акцизи за увоз беа укинати токму од сегашната влада – велат од Левица.

Партијата бара политичките и економските елити да ги насочат политиките токму кон решавање на проблемот.

 

Поврзани вести

Вондрачек: Задоволен од средбата со Џафери и честиташе за успешното гласање во Собранието

Шекеринска: Покажавме дека нема да се мешаме во работата на органите кои мора да бидат независни

Се урна куќа во Тетово, избегната трагедија

Вања Мицевска