Image default
Вести Македонија

Застанале да одморат, ги нападнале и ги претепале

Четири лица од кочанско биле нападнати и претепани од две вооружени непознати лица. Едно од лицата завршило со тешки повреди на главата и телото.

Според информациите од СВР Штип, синоќа во 22 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во Итната медицинска помош бил донесен 35 годишниот Г.Г од село Зрновци, со повреди во пределот на главата и телото. Според кажувањето на Г.Г додека се движел со возило во кое били уште три лица, 34 годишниот Љ.Л и 18 годишниот Т.З од Зрновци како и 27 годишниот В.Х од село Долни Подлог, на регионалниот пат Кочани- Зрновци застанале да запалат цигара, кога одеднаш им пришле две непознати машки лица.Тие во рацете носеле оружје и без никаков повод физички ги нападнале нанесувајќи им повреди.

На лицата им е укажана помош во болницата во Кочани.
Полицијата работи на расчистување на случајот.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Црногорските лекари нема да може да примаат подароци

Љупчо Шатевски

Крвав Велигден во Шри Ланка – околу 200 загинати во повеќе експлозии

Љупчо Шатевски

Укината забраната за камиони на Стража

Трајче Гогов

Се враќале од свадба: Зет, невеста и две лица исчезнати од саботата

Весна Крстева

НЕСЕКОЈДНЕВЕН УЛОВ ВО ХРВАТСКА: Анаконда во морето кај Водици

Љупчо Шатевски

Северна Грција „потоната“ во марихуна од Албанија

Трајче Гогов