Image default
Ракомет Спорт

ЖРК Куманово ги започнува настапите во ЕХФ Челинџ Купот

Ракометарките на Куманово задутре ги започнуваат натпреварите на европската ракометна сцена. Во градската спортска сала со почеток во 18 часот се игра првиот натревар во ЕХФ Челинџ Купот, каде кумановки ќе се обидат да извојуваат победа против составот на Геониус Гален од Холандија.

Зегин

Геониус моментално е второпласирана во холандското првенство, но избраничките на тренерот Зоран Јосимовски се први во македонскиот женски шампионат, што значи дека не очекува квалитетен и интересен меч во кој двата тима ќе се трудат за победа.

Зегин

– Се работи за прилично силен состав. Ние нема што да изгубиме, ќе дадеме максимум и ќе пробаме на некој начин да ги поминеме и можеби да обезбедиме учество во следното коло. Дефинитивно типичен ракомет за холандска екипа, брз ефективен, со многу шутеви, без застанување, воедно и недоволно тактички спремни, можеби тука треба да гледаме простор каде ќе можеме да доминираме и бараме место за успех, изјави тренерот Јосимовски.

Нема да биде лесно, вели ракометарката Сања Дабевска која се надева и на поддршка од публиката.

– Очекуваме победа, бидејќи тие се втори во нивната холандска лига и се надеваме дека немаат осетено балкански ракомет, па очекуваме победа. Публиката е најважна, атмосфера и мислиме дека многу би ни помогнала за победата на овој меч, изјави Дабевска.

Холандската екипа е добра и брза, но има слабости што можеме да ги искористиме, додаде репрезентативката Александра Боризовска.

– Ги анализиравме деновиве, со оглед на тоа и тренираме. Ги гледаме нивните слабости, што можеме да искористиме како предност и мислам дека ќе биде добар натпревар. Ги повикувам сите што сакаат, што се во можност да гледаат, бидејќи многу ни значи нивната поддршка како плус играч за да извојуваме една убава победа и да продолжиме понатаму во Купот, рече Боризовска.

Засега е непознато дали Црногорката Ана Шарановиќ ќе настапи против Геониус со оглед на повредата со која се здобила на тренингот.

Вториот натпревар наместо на гостински терен, ракометарките ќе го играат дома исто така од 18 часот во граската спортска сала в недела.

Од Управата на ЖРК Куманово ги повикуваат сите граѓани да дојдат и да им дадат поддршка на девојките со цел извојување голема победа.

Никола Ивановски

Поврзани вести

Извлечени групите за третата фаза на СП во одбојка

Агаси влегува во тимот на Григор Димитров

Марсело призна даночно затајување, ќе плати 750.000 евра