fbpx
Image default
Вести Свет

ЕК го одобри финансирањето на гасоводната врска помеѓу Бугарија и Грција

Европската комисија соопшти дека го одобрила финансирањето на плановите за изградба на врска помеѓу гасоводните системи на Бугарија и Грција – објави МИА.

– Плановите за помош на Бугарија и Грција за изградба и функционирање на врската се во согласност со правилата на ЕУ за државна помош. Проектот ќе придонесе за безбедност и диверзификација на снабдувањето со енергија во ЕУ, без да се наруши конкуренцијата – се наведува во соопштението на ЕК.

Според еврокомесарката за конкуренција, Маргарета Вестагер ЕК ја одобрува помошта за Бугарија и Грција, бидејќи е ограничена на она што е неопходно за спроведување на проектот и затоа е во согласност со правилата за државна помош.

Со мерките одобрени денеска ќе биде поддржана изградбата и работата на 182-километарската меѓусистемска врска помеѓу Грција (Комотини) и Бугарија (Стара Загора). Интерконекцијата предвидува пренос на три милијарди кубни метри природен гас годишно од Грција до Бугарија до 2021 година. Понатаму, капацитетите за пренос би можеле да се зголемат на пет милијарди кубни метри и да создадат услови за обратен пренос од Бугарија до Грција.

Поврзани вести

Во Штип ќе се стави два нови бунари за вода за пиење

Стоилковски: Семејната фирма на директорката на Клиниката за хематологија добила милионски тендери од Министерството за здравство

Сослушани сведоци на денешното рочиште во раздвоената постапка за „Тенк”