Image default
Вести Култура

Успешно реализиран првиот Радио Џез Рок фестивал во Штип! (видео+галерија)

Со настапот на докажани музички имиња, во градот под Исарот се реализираше првиот „РАДИО РОК ЏЕЗ“ фестивал кој направи музичка фузија на овие два музички жанрови.

Зегин

Зегин

На иста сцена застанаа џезерите од Еквинокс и Филип Стевановски бенд.

„Навистина ни е чест што сме дел од овој фестивал, се надевам дека ќе прерасне во традиција“, вели Филип Стевановски.
Во метал – рок ритам присутните ги движеа момците од Харкин.

„Задоволство е да се биде дел од првото издание на овој фестивал“ , додаде Блажо Атанасов, тапанар во Харкин.
Дејзи од Кавадарци потсетија како звучеше рокот во осумдесетите.

„Супер домаќини сте, преубаво е овде “, вели Зоран Станоев од Дејзи
Присутните во Мултимедијалниот центар на Канал 77 го слушнаа новиот авторски албум на Три пати на ден.

„Ова е бум! Одлична можност присутните да ги слушнат нашите песни од новиот албум“ , кажа Душанка Срцева, вокалист во Три пати на ден.
„Прекрасно место и одлична организација“, пофали Александар од Ер Ге Бе, бенд од Крива Паланка кој присуствуваше на настанот.
Присутните од многу генерации задоволни од музичката понуда.

-„Мене ми е супер, сакам да слушам џез!

Супер си поминуваме, добро е што има вакви настани кои ние младите може да ги посетиме.

Факт е дека сме затрупани со „треш“ музика, па ова е идеална прилика да се слушне нешто квалитетно.“, се изјаснија присутните.

Радио Џез Рок фестивалот беше во организација на Канал 77, под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.

Поврзани вести

Во возило на гевгеличанец најдени седум мигранти

Најмалку шест жртви во напад врз централата на Националната нафтена компанија во Триполи

Времето денес: Сончево и потопло време

Дафинка Печорова