Image default
Спорт Фудбал

Емери призна дека се обложувал против својот тим

 Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери во својата биографија призна дека се обложувал против неговиот тим. Се се случило кога Емери бил фудбалер во Толедо, кој се натпреварувал во „Сегунда“.
– Мојата кариера како фудбалер беше повеќе болна, отколку весела. Искрено, стравот отсекогаш бил вкоренет во мојот ум. Јас ќе ви дадам пример кога бев фудбалер во Толедо, јас и двајца пријатели секогаш се обложувавме. Ни претстоеше натпревар со Елче и јас се обложив за нивна победа. Тие беа фаворити и беше логично, вели Емери
Сепак приказната продолжува како тој се премислил.
– Кога требаше да уплатам, имаше девојка која работеше таму. Таа беше фан на Толедо. Таа беше шокирана и ме праша: „Како така победа за Елче? Како можеш да го направиш тоа?“ Всушност добив лекција од неа. Како можев да играм во натпревар, мислејќи дека ќе изгубиме. Тоа беше почеток на процесот на трансформација на мојот ум, додаде Емери.
Емери го презеде Арсенал летото 2018 година. Под негово водство, тимот од Лондон е четврти со 22 поени.
Извор:МИА

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Јирген Клоп е бесен и жестоко ги нападна новинарите и Гери Невил

Почина легендарниот штипјанец, југословенскиот фудбалер Шекуларац

Вања Мицевска

Надал елиминиран, Андерсон го очекува подобриот од дуелот Ѓоковиќ-Хачанов

Трајче Гогов

Солскјер му се поклони на Рашфорд и го спореди со две големи легенди на Јунајтед

Трајче Гогов

Кличко бара реванш со Џошуа

Вања Мицевска

Серија „А” потроши повеќе од една милијарда евра за трансфери