Image default
Спорт Фудбал

Несторовски стрелец во триумфот на Палермо над Карпи (видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски постигна уште еден погодок за Палермо оваа сезона во италијанската Серија Б. Тој синоќа на гостувањето во Карпи погоди во 75.минута за конечни 3:0 за клубот од Сицилија.

За Несторовски ова беше петти погодок на девет натпревари одиграни досега оваа сезона.

Вториот македонски репрезентативец кој настапува за Палермо, Александар Трајковски не играше против Карпи поради црвен картон добиен во минатата рунда.

Палермо со новите три бода се искачи на втората позиција на табелата со 18 бода, еден помалку од Пескара, но и натпревар помалку.

Извор:МИА

 

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Дарио Ивановски на предпоследното место во квалификациите на ЕАП во Берлин

Ѓоковиќ прв тенисер со трофеј на секој Мастерс

Тухел по првиот пораз на ПСЖ: Немаме втор Нејмар или Верати

Трајче Гогов

Таткото на Хамес Родригез ја подгрева атмосферата: Ако прејде во Јуве ќе направи добар потег

Македонскиот кошаркарски талент Теодор Симиќ потпиша за Барселона

Габриела Додевска

Седум гола за Лазров во триумфот над европскиот шампион

Трајче Гогов