fbpx
Image default
Спорт Тенис

Федерер веќе три месеци играл повреден

Најдобриот швајцарски тенисер Роџер Федерер, откри дека изминатиот период настапувал со повредена рака, но не сакал да прави „драма“ од тоа.

– Ја повредив раката уште пред сезоната на трева. Последиците беа потешки отколку што очекував. Повредата ме мачеше скоро три месеци. Играв со болка, но тоа не е изговор за неколкуте порази. Не сакам од тоа да се прават големи приказни, изјави Федерер.

Во моментов третиот светски рекет кажа дека му требало време да го залечи зглобот и дека сега со него се е во ред.

Следен турнир на кој ќе игра Федерер е на домашен терен во Базел оваа седмица.

Извор:МИА

Поврзани вести

Сари загрижен од играта против Сити

Сопственикот на Наполи сака да го купи Хајдук

Вања Мицевска

Три засилувања за Црвена ѕвезда пред стартот во ЛШ

Вања Мицевска