fbpx
Image default
Вести Македонија

Традиционална велосипедска трка во Куманово по повод 11 Октомври

Околу 100 учесници од велосипедските клубови од Македонија и Бугарија и околу 80 претставници на училшниот спорт и 100-тина деца од градинката „Ангел Шајче“ учествуваа на денешната велосипедска трка по повод празникот „11 Октомври“ денеска во Куманово.

Трката која се одржува секоја година ја организира велосипедскиот клуб „Вело – М Термалифт Куманово“ под покровителство на градоначалникот и советот на општина Куманово.

– Оваа е традиционална трка која се вози од ослобдувањето на Македонија и чест ни е што секоја година имаме голем број професионални велосипедисти, а годинава и аматери кои се приклучија на трката и на овој начин заеднички го одбележуваме празникот, изјави Марјан Петровски, од „Вело М Термалифт“.

Трката стартуваше од пред салата, а се одвиваше по булеварот „Октомвриска Револуција“ и „Трета Македонска Ударна Бригада“.

Манифестацијата која датира од самиот почеток на одбележувањето на празникот „11 Октомври“, годинава ја отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, а присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јовановски.

Превземено од:

Поврзани вести

Хаса, Куртовски и Дука со сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа

Габриела Додевска

Во Шведска стапува во сила закон со нова дефиниција за силување

Нарушен јавниот мир во селска џамија во општина Пласница

Кире