Image default
Вести Македонија

Пчеларите од Балканот бараат македонската пчела да се прогласи за загрозена

Пчеларските здруженија од Балканот бараат медоносната пчела да се прогласи за загрозена. Најавуваат дека ќе лобираат во Брисел со ова барање да се запознаат и владите на повеќе држави од Европа.

Зегин

Барањето на пчеларите е содржано во Декларација која неодамна во Љубљана ја потпишаа претседателите на национални пчеларски здруженија, а меѓу нив потписник е и Менде Трајковски, претседател на Сојуз на пчеларските здруженија на Македонија.

Зегин

– Последниве пет – шест години се исклучително тешки и негативно влијаат врз состојбите во пчеларството. Предизвикувачи на тие состојби се климатските промени, глобалното затоплување и недоволното инвестирање во пчеларството. Затоа неодамна во Словенија потпишавме Декларација со која пчеларските сојузи од државите на Балканот бараат медоносната пчела да се прогласи за загрозена. Со оваа одлука ќе се посвети поголемо внимание на медоносната пчела. За тоа ќе бидат информирани и надлежни инстотуции во Брисел, а преку нив и владите на државите членки на ЕУ, изјави Трајковски.

На традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ што почна денеска во Битола и ќе трае до 14 октомври, има 30 учесници од Македонија, како и соработници на националниот Сојуз на пчеларските здруженија од Србија, Црна Гора, Албанија и од Грција.

– Во Македонија ќе иницираме акции за да се продолжи со пошумвање и посебно да се интезивира пошумување со багрем, бидејќи тој директно влијае за зголемени приноси во пчеларството. Тоа е важно за околу 250.000 пчелни семејства за кои грижа водат околу 7.000 македонски  пчелари, рече Трајковски.

Според податоци на битолското пчеларско здружение „Нектар“, во Пелагонија има околу 15.000 пчелни семејства за кои се грижат над 400 пчелари.

Поврзани вести

Општина Гостивар: Вработувањата за образованието се кројат во седиштето на ДУИ

Вања Мицевска

Ќе се фрлаат мамки за вакцинација на лисиците, граѓаните да не ги допираат

Се најавуваат протести во Атина и во Преспа против договорот