Image default
Вести Македонија

Македонски автобус се судри со камион во Австрија има повредени

Деветмина патници се потешко повредени во судирот меѓу македонски автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре.

Зегин


Во автобусот имало 18 патници. Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени. Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.

Зегин


Повредените се згрижени во болница, а поради несреќата утринава беше затворен и автопатот кон Линц.Во македонското Министерство за надворешни работи сè уште немаат податоци за сообраќајката, но велат дека ќе проверат.

Поврзани вести

Протест во Пеќ против албанската Влада затоа што „му помогна на Груевски да побегне”

Информативни средби со земјоделци од Ресен и Охрид

„Истибањско здраво-живо“: Млади фолклористи од светот по 33. пат ги развеселија Истибања и Виница (видео)

Моја Општина