Image default
Вести Македонија

Рокот за поднесување на приговори до ДИК истекува до 22 часот

До ДИК досега се пристигнати шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите за референдумот што се одржа во неделата на 30 септември.

Приговорите се однесуваат на гласачки места во Куманово и во Виница, а во еден од нив се бара увид во целокупниот материјал од гласањето. Рокот за поднесување  на приговорите истекува вечер во 22 часот.

Според информациите од ДИК, два од приговорите се однесуваат на едно избирачко место во Куманово и се со иста содржина. Еден од набљудувачите на ова избирачко место ги поднел овие два идентични приговора во кои тврди дека претседателот на избирачкиот одбор ја злоупотребил должноста со корекции на записникот од гласањето.

Останатите четири приговори се поднесени од Тодор Петров и од Светскиот македонски конгрес.

Тодор Петров во еден од приговирте бара отворање и увид на целиот материјал од гласањето на референдумот.

А друг приговор е поднесен за едно избирачко место во Виница, каде како што било наведено во приговорот, недостасувале седум од неупотребените гласачки ливчиња.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Амди Бајрам влегува во кампања со милион Кока Коли

Весна Коловска

Преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за правосудството не се пропаднати

Полицијата ноќеска и утрово со повеќе акциски контроли за откривање странски државјани

Трајче Гогов

Германски град, поради долг на газдите, заплени куче, па го продаде на лицитација

85 идентификувани жртви, две неидентификувани тела и еден исчезнат во пожарот во Грција

Трајче Гогов

Џафери на Самитот на спикери на Парламенти на Централна и Источна Европа

Вања Мицевска