Image default
Вести Култура

Проекции на шест македонски филма во девет општини

Здружението на филмски продуценти на Македонија (МЗФП) организира Денови на македонскиот филм од денеска до 21 септември во центрите на културата во девет градови во Македонија.

Ќе бидат прикажани шест филма во кои Македонија има мнозинско или малциснко учество. Проекциите се бесплатни и во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.

Ќе почнат вечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со копродукцискиот филм „Банат“ во режија на Адриано Валерио.

„Златна петорка“  на режисерот Горан Тренчовски ќе биде прикажан во Струга (16 септември), Гевгелија (19 септември) и Неготино (20 септември).

„Уставот на Република Хрватска“  во режија на Рајко Грлиќ во Штип на 17 септември и во Крушево и Кичево на 20 септември.

„Скршено“ во режија на Едмонд Будина ќе биде прикажан во Куманово (17 септември), во Гостивар (20 септември) и Кичево (21 септември).

„Ах, љубов моја“ на Коле Ангеловски во Куманово е на 17 септември, на 18-ти во Радовиш и Крушево и на 19-ти во Неготино.

„Височините“ во режија на Виктор Божинов ќе биде прикажан во Гостивар и Радовиш на 19-ти и 21 септември.

МЗФП првпат ги организира Деновите на македонскиот филм со цел да ја промовира  македонската кинематографија.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Снежни врнежи го парализираа сообраќајот во Њујорк

Вања Мицевска

Се враќале од свадба: Зет, невеста и две лица исчезнати од саботата

Весна Крстева

Обвинение за дилер од Бутел кај кого се пронајдени 290 килограми марихуана

Трајче Гогов