Image default
Вести Македонија

Кривични пријави против Заев и Димитров од Светскиот македонски конгрес

Светскиот македонски конгрес на чело со Тодор Петров денеска поднесе кривични пријави против премиерот, Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров поради формирањето на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција.

Зегин

Спогодбата Димитров-Коѕијас не е ратификувана во согласност со Уставот, не е дел од внатрешниот правен поредок на Македонија и секое дејство за спроведување на Спогодбата пред да стапи во сила е кривично дела – сметаат од Конгресот.

Зегин

Петров денеска информираше дека поднеле и Приговор до Државната изборна комисија за заштита на избирачкото право од незаконско финансирање на Владата и парламентарното мнозинство од државниот буџет за кампањата за референдумот.

Петров кој оценува дека Спогодбата од Преспа не го заштитува македонскиот идентитет.

На денешната прес конференција исто така,  беше соопштено и дека Светскиот македонски конгрес објавил јавен повик за пријавување волонтери набљудувачи за референдумот.

Поврзани вести

Се утврдуваат причините за смртта на родилка од Гевгелија

Лозарите бараат цената на грозјето да расте со секоја шеќерна единица

Кире Андонов

Четворица странски велосипедисти прегазени со возило во Таџикистан