fbpx
Image default
Вести Свет

ИОМ: 21 тело испливало на брегот на Средоземното Море

Вкупно 21 тело, за кои се верува дека се мигранти кои загинале додека се обидувале да стигнат до Шпанија, овој месец испливале на бреговите на Средоземното Море, соопшти денеска агенцијата за мигранти на Обединетите нации.

Со ова, вкупниот број на настрадани годинава во Средоземното море се зголеми на 1.586 жртви, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Остатоци на девет субсахарски Африканци се пронајдени на 4 септембри на брегот на алжирската провинција Тлемсен, околу 200 километри од шпанскиот брег. Следниот ден се пронајдени уште четири тела на соседната плажа, спроти границата со Мароко.  Остатоци од шест мигранти, меѓу кои две жени и едно дете на 10 септември се пронајдени во мароко, соопшти ИОМ. Тело на една жена на 11 септември е пронајдено во Алмерија, а тело на млад субсахарски Африканец е пронајдено во шпанската енклава Сеути на 13 септември.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

105 години од Втората балканска војна – во и близу црвената од крв Брегалница загинале или се удавиле илјадници војници

Љупчо Шатевски

Царовска: Оперативниот план за вработување ќе биде проширен и продолжува во 2019 година

Габриела Додевска

Апелација им го продолжи куќниот притвор на Камчев, Панделески и Јосифовиќ

Габриела Додевска