Image default
Вести Свет

Ураганот „Флоренс“ пустоши во Америка, луѓето се во паника и се молат за спас

Силниот  ураган Флоренс се приближува на Источниот брег на САД, а во делови на три американски држави наложена е евакуација на жителите. Милиони Американци се подготвуваат за најкатастрофалниот ураган во тој регион во изминатите децении.

Зегин

Социјалните мрежи преплавени се со постови од луѓето, чии деловите зсе верува дека ќе ги погоди ураганот. Тие  објавуваат фотографии со натпис: „ Молете за нас“.

Зегин

Безбедноста на американскиот народ „апсолутно е пририоритет“, изјави претседателот на САД Доналд Трамп, додека ураганот Флоренс се приближува во источниот брег на САД. Исто така тој  нагласи дека федералната влада е подготвена да реагира, а вонредна состојба е веќе прогласена во Северна и Јужна Каролина и Вирџинија, а откажани се и неколку случувања.

Директорот на Националниот центар за урагани Кен Грејем предупредува дека размерот на ураганот Флоренс е застрашувачки, додавајќи дека лесно би можел да погоди повеќе држави.

На обилни дождови, поплави и снемување на струја се подготвува и Вашингтон, чиј градоначалник Мјурек Баузер прогласи вонредна состојба, наведувајќи дека тоа е нужен чекор за да се обезбедат ресурси и поддршка со оглед на повеќедневните врнежи кои се очекуваат.

Метеролозите пак најавуваат дека наредните денови ќе има силен и влажен ураган. Ураганот е од четвртата категорија, што надлежните велат дека се очекува да се засили и да достигне на пет што значи дека има потенцијал да предизвика катастрофални последици.

Невремето моментално се наоѓа околу 640 километри јужно од Бермуд и ќе се движи со брзина од околу 210 километри на час.

Поврзани вести

„Тишина” со гласна порака против семејното насилство

Матис: Референдумот е најважниот глас во вашата историја

Дафинка Печорова

На Трескавец снимени првите сцени за филмот „Врба” на Манчевски