Image default
Забава

Заборавањето е корисно за вашиот мозок

Ново истражување на Универзитетот на Торонто оди во прилог на тезата дека заборавањето е заштитен механизам во самиот мозок, односно да не заштити од преоптовареност со информации.

Зегин

Со други зборови, тоа е апсолутно полезна „функција“ за сивата маса во мозокот. Тоа е добра вест, особено за оние кои постојано забораваат каде си ги оставиле клучевите од куќата, на пример.

Зегин

– Важно е тоа што мозокот заборава на непотребните подробности и се фокусира на нешта кои ќе ни помогнат за подобри решенија во иднина и при важни случаи, објаснува еден од научниците што го спровеле испитувањето, проф. Блејк Ричардс.

Статијата донекаде покажува и како работи мозокот – едно од најмистериозните прашања кои ја „мачат“ науката.

– Откривме многу докази дека има механизми со посебна функција за заборавање информации. Тие механизми се разликуваат од оние кои се користат за помнење, додава проф. Пол Френкланд.

Преземено од: МИА

Поврзани вести

Се’ за храна: Како да препознаете осип кај бебињата предизвикан од топлина?

Дафинка Печорова

Ричард Гир и неговата 33 години помлада сопруга чекаат бебе

Дафинка Печорова

Водич низ Шпанија: Три топ дестинации кои гарантираат одмор и луда забава!

Габриела Додевска