Image default
Вести Свет

Во Србија секое петто дете има вишок килограми

Во Србија речиси секое петто дете има вишок килограми, осум отсто од нив се дебели, а бројот на дебели деца од година во година постојано се зголемува.

Зегин

Неправилна исхрана, брза храна, газирани сокови и слатки, но и слабата физичка активност се главни виновници за таквата состојба со децата во школска возраст, јави Танјуг.

Зегин

Истражувањата на Институтот за јавно здравје покажуваат дека 43 отсто деца секој ден јадат слатки, при што секое четврто дете јаде слатки повеќе пати во денот. Навика секој ден да јадат јаболко или крушка или кое било друго овошје има секој петти ученик, но затоа исто толку од нив пијат газирани сокови.

Преземено од: МИА

Поврзани вести

Митинг со дози адреналин за Мицкоски, но без потенцијал за пресврт

Тешко повреден пешак, 12 сообраќајки вчера во Скопје

Вечера на Ангела Меркел со Бундестимот