Image default
Вести Свет

Белградскиот аеродром отворен за сообраќај

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ денеска околу 11 часот е отворен за сообраќај по неколкучасовен засој до кој дојде откако патнички авион на авикомпанијата „Египет Ер“ без патници слета на аеродромската писта, каде застана поради технички проблеми.

Зегин

Како што јави Танјуг, станува збор за египетски авион од типот „Боинг 737-800“, кој на белградскиот аеродром слетал во 4.11 часот.

Зегин

Поради временото затворање на аеродромот, сите авиони на компанијата „Ер Србија“ што претпладнево требаше да слетаат во Белград, беа пренасочени кон аеродромите во Ниш, Темишвар, Софија и Загреб. Од утрово беа одложени и 15-тина полетувања од „Никола Тесла“.

Управата на аеродромот соопшти дека проблемот со египетскиот авион настанал откако му се блокирале сите четири тркала.

Преземено од: МИА

Поврзани вести

Филипче: Се евалуираат можностите за зголемување на капитацискиот бод на матичните лекари

Таткото осомничен за гнасно злосторство изнесе шокантна одбрана: Сопругата ги задави децата, а јас ја убив во бес!

Кривична пријава за двајца скопјани осомничени за тешка кражба и помагање