Image default
Вести Македонија

Атанасов: Граѓаните да не носат храна од животинско потекло од Бугарија

Граѓаните кои патуваат во Бугарија при враќање во Македонија да не носат храна од животинско потекло, апелира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

Зегин

Тој денеска во Велес изјави дека вирусот „африканска свинска чума“ кој е регистриран во соседна Бугарија не е опасен за луѓето, но оти се работи за високо заразна вирусна болест кај свињите за која нема вакцина.

Зегин

– Агенцијата донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од овој регион во Бугарија со цел заштита од внесување на вирусот, рече Атанасов, кој беше во посета на свињарската фарма „Агро софт“ во близина на Велес.

АХВ во Велес

Агенцијата на почетокот на месецов донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи и производи од свинско месо од Бугарија поради појава на вирусот „африканска свинска чума“ во оваа држава. Болеста кон крајот на август е потврдена во областа на Варна во соседна Бугарија, а присутна е и во  Естонија, Латвија, Летонија, Белорусија, Украина, Полска, Молдавија, Романија, Чешка и Унгарија.

Унапредувањето на биосигурносните мерки на фармите, според Атанасов, има исклучително значење за фармерите од аспект на подобрување на здравствената заштита на животните и намалување на трошоците за лекување.

Од 90 комерцијални одгледувалишта на свињи колку што се евидентирани во земјава досега се категоризирани 78 фарми.

Преземено од: МИА

Поврзани вести

Догодина по 20.000 евра поддршка за младите земјоделци

Ортопетски хирург од Америка и неговата девојка осомничени за силување(видео)

Повредениот рудар од Саса е во добра здравствена состојба