Вести Македонија

Двајца загинати во сообраќајка на патот Градско – Прилеп

Две лица го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 00.20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп.

Патничко возило „Опел Астра“, управувано од О.И.(37) од Прилеп, изгубило контрола, удрило во заштитна ограда од мост и излетало од патот во провалија, соопшти денеска МВР. Притоа, возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на местото на настанот. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. За време на увидот, од 00.30 до 05.00 часот сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]