Image default
Вести Култура

Фестивал на живи статуи во Скопје – „Статуафест“

Од 14 до 15 септември со почеток во 18 часот, па се до полноќ за прв пат во Скопје ќе се одржи уличниот фетсивал „Статуафест“. Следниот викенд метрополата ќе биде домаќин на десет живи статуи од Шпанија, Бугарија, Унгарија, Србија а ќе има и домашни македонски претставници.

Зегин

Покрај живите статуи, кои ќе стојат на неколку локации и ќе доловуваат различни ликови, предвидена е и забава со повеќе диџеи и настапи на бендови.

Зегин

Форматот во кој ќе се одржи „Статуафест“ е токму тоа што овој хепенинг го прави поразличен од останатите. Живите статуи кои ќе гостуваат во Македонија ќе направат градот да добие шмек на културна метропола но и со тоа да се покаже специфичноста на оваа професија. Како организатори на овој фестивал кој во овој формат за прв пат ќе се претстави пред публиката во Скопје е продукцијата „Театроск“.

Организаторите велат дека нивна цел преку овој фестивал е градот Скопје да  стане дел од светската културна мапа на уличните уметнички фестивали и од година во година повеќе и повеќе да го развива и истиот да тргне во насока која ќе го направи еден од највлијателните фестивали од ваков карактер.

Поврзани вести

САД: Одбиено барањето да се продолжи времето за држење деца мигранти во притвор

Вања Мицевска

Авганистанците плаќаат висока цена за изборите

Кире Андонов

Дневен билтен на Општина Штип – 14.08.2018

Моја Општина