Image default
Вести Култура

Почнува фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков”

Со претставата „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски и во изведба на Театарот „Војдан Чернодрински“ вечерва во Струмица почнува 26. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Зегин

За единствената награда за високо актерско остварување во конкуренција се педесетина актери од Македонија, Бугарија, Србија и Словенија од десет претстави. Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фетивалот – актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра.

Зегин

Традиционално, фестивалот почнува на 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија и ќе трае до 12 овој месец.

Директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков изјави дека и ова фестивалско издание на љубителите на театарот им е нуди богата програма со интересни театарски постановки.

Во наредните пет денови ќе има и богата оффестивалска програма со промоција на повеќе дела, како и средба на поети од Македонија и Бугарија.

Фестивалската жири комисија ќе ја предводи ланската лауреатка, српската актерка Тања Бошковиќ, а членови се професорката Василка Кортенска од Бугарија и македонската актерка Јоана Поповска.

Во рамки на фестивалот се одржува и Осмото издание на камерна драма НЕТА (Нова европска театарска акција).

Фестивалот е финансиски помогнат од Министерството за култура и општина Струмица.

Поврзани вести

Габер: Првата средба на заедничкиoт македонско – грчки комитет до крајот на неделава

Полицијата во Лас Вегас истражува обвиненија за силување против Роналдо

Здруженија за заштита на животните за утре најавија протестен марш пред Собрание