Image default
Видео Забава

„Ако ме сакаш“ на Лина Пејовска доби кавер верзија од Александра Јанева (ВИДЕО)

Александра Јанева и гитаристот Тино Стојановски направија нова верзија на „Ако ме сакаш” од Лина Пејовска. Преработката е објавена во пресрет на новото издание на Макфест 2018 кое ќе се одржи од 4-6 октомври.

Зегин

„Оваа ќе биде нашата последна преработка од летниот проект #summerjam. Изведбата е во чест на хитовите кои ги дава најголемиот фестивал во Македонија. Според мене, „Ако ме сакаш” беше апсолутниот хит oд Макфест 2017 година”, вели Александра која настапуваше на ланското издание на фестивалот како гостин во ревијалниот дел.

Зегин

Со изведбата на песната Лина Пејовска во Штип ја доби наградата за дебитант на годината.  Во текот на летото, Александра Јанева заедно со Тино Стојановски и бендот 2Be ги обработија „Херој”, „Километри” и „Us”.

Поврзани вести

Видео: Кога стомакот сака нешто да каже

Македонскиот филм „Џган“ прикажан на престижниот фестивал во Пула

Хороскоп: Девицата ја очекува успех, Јарецот ќе напредува