fbpx
Image default
Спорт Тенис

Федерер против Ѓоковиќ во финалето на „Мастерс” турнирот во Синсинати

Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ ќе играат во финалето на „Мастерс“ турнирот во Синсинати. Маестро се пласираше во мечот за титулата откако неговиот противник, Давид Гофан се откажа поради повреда во полуфиналето. Швајцарецот го освои првиот сет по тајбрејк, а во вториот резултатот беше 1:1, кога Гофан се откажа поради повреда на рамото.

Дуелот беше прв меѓу двајцата по полуфиналето во финалето на АТП во Лондон, кога Белгиецот сензационално го победи Федерер.

Со победата, 20-кратниот Гренд Слем шампион ја продолжи својата импресивна серија во Синсинати. Ова ќе биде негово осмо финале во Мејсон, а во досегашните седум нема пораз. Тој исто така е во серија од 14 последователни победи на турнирот.

Вечерва тој ќе го обнови ривалството со Ѓоковиќ, кој води со 23:22 во директните судири. Последниот, сепак, беше на почетокот на 2013 година на Австралија Опен.

Интересно е дека двајцата играле три пати меѓусебно за титулата во Синсинати и тоа се случува во 2009, 2012 и 2015 година. И во трите случаи победува Федерер.

За Ѓоковиќ, мотивацијата е уште поголема. Тој ги освоил сите турнири од „Мастерс“ сериите, но му недостасува овој во Синсинати.

Поврзани вести

Манчестер Сити подготвен да плати 500 милиони евра за Лионел Меси

СП 2018: Англија ја декласираше Панама за осминафинале

Еден од најдобрите возачи во Формула 1 повторно заврши во болница

Дафинка Печорова