fbpx
Image default
Спорт Фудбал

Сусо останува во Милан

Еден од најдобрите фудбалери на Милан, Шпанецот Сусо, и покрај интересот на Рома, нема намера да го напушти „Сан Сиро“ и е подготвен да потпише нов договор со „росонерите“ објави „Газета дело Спорт“.

– Ние не добивме никаква понуда за Сусо, па ни од Рома. Разговорите беа информативни, бидејќи ние никогаш не сакавме да го пуштиме, рече спортскиот директор Милан Леонардо.

24-годишнито Сусо кариерата ја почна во Кадиз, а потоа играше за Ливерпул, Алмерија и Џенова.

Минатата сезона дебитираше за шпанската репрезентација и се очекува во иднина да добива повеќе минутажа, бидејќи од националниот тим се повлекоа Андрес Иниеста и Давид Силва.

Преземено од: МИА

Поврзани вести

Серена Вилијамс се откажа од Ролан Гарос

Реал ќе го тужи Интер кај УЕФА поради Модриќ?!

Трајче Гогов

Кривопаланечкиот кошаркарски ас Јакимовски најефикасен на турнирот „Генерацијата што доаѓа” во Милано