Image default
Спорт Фудбал

Почнува новата сезона во Премиерлигата, Манчестер Сити го брани трофејот

Со вечерашниот натпревар меѓу Манчестер јунајтед и Лестер, започнува новата сезона во Премиерлигата, Манчестер Сити го брани тронот и се очекува овој пат да има посериозен отпор од конкурентите.

Зегин

Паузата заврши, вечерва со почеток од 21 часот стартува новата сезона во Премиерлигата, таа се отвара на Олд Трафорд со дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Лестер.

Манчестер Сити го брани трофејот, и оваа сезона е прв фаворит, но се очекува конкурентите да бидат посериозни и да не дозволат тимот на Пеп Гвардиола рано да се одлепи.

Кога се зборува за конкурентите на Сити во преден план би требало да биде Ливерпул кој ги сочува своите најдобри играчи и успеа да го засили тимот, донесе квалитет и конкуренција.

Манчестер јунајтед немаше добар преоден рок, Мурињо се жалеше, но од раководството не доби речиси ништо, новајлија е Фред кој треба само да ја зголеми конкуренцијата во средината.

Интересно ќе биде да се види како ќе одиграат Арсенал и Челси. Двете екипи имаат нови тренери, Унаи Емери и Маурицио Сари ќе дебитираат во Премиерлигата. Имаат и по неколку нови засилувања кои треба да помогнат во остварување на целта, враќање меѓу четирите најдобри.

Најдобрата шестка се заокружува со Тотнем, тие слично како и Манчестер јунајтед беа пасивни во преодниот рок, но успеаа да ги задржат најдобрите играчи.

Денеска се игра дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Лестер. Утре на програмата се шест дуели, денот почнува со Њукасл – Тотнем кои играат од 13:30 часот, два и пол часа подоцна стартуваат дуелите Борнмут – Кардиф, Фулам – Кристал Палас, Хадерсфилд – Челси и Ватфорд – Брајтон, од 18:30 играат Волвс и Евертон.

Во недела има три дуели, Ливерпул од 14:30 го пречекува Вест Хем, во истиот термин се игра и мечот меѓу Саутемптон и Барнли, а дербито на колото е од 17 часот кога шампионот Манчестер Сити му гостува на Арсенал.

Преземено од: mkd.mk

Поврзани вести

Квинси Промес подготвен да дебитира за Севиља

Вања Мицевска

Охрид подготвен за претстојното ЕТУ Балканското првенство во триатлон

Меси ги пропушта и следните три натпревари на Аргентина