Image default
Вести Свет

Пожари на грчките острови Закинтос и Андрос

Делумно под контрола се ставени пожарите на грчките острови Андрос и Закинтос, додека пак за денеска Секретаријатот за цивилна заштита на Грција предупредува за зголемена опасност од нови пожари.

Зегин

Според локалните медиуми од Закинтос, вчерашните пожари во селата Килиоменос и Махерадо се делумно ставени под контрола. Во гаснењето учествуваат 10 пожарникари со пет возила, еден канадер, два авиона и еден хеликоптер.

Зегин

На островот Андрос, како што соопштуваат од грчката противпожарна служба, пожарот ви областа Амолохос е ставен делумно под контрола. Таму, во гаснењето учествуваат осум пожарникари со четири возила и два авиона.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција за денес предупредија зголемена опасност од пожари во голем дел од земјата. Во портокалова фаза (многу висока опасност, категорија 4) се Халкидики, областа Атика, речиси целиот остров Пелопонез, полуостровот Евија, островите во северниот дел на Егејското море (Лезбос, Хиос, Самос, Икариа), Килкадските острови, како и островите во Јонското море (Лефкада, Кефалониа, Закинтос).

– Паралелни, Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат активности на отворено кои може да предизвикаат пожари, како што е фрлање на запалени цигари, палење сува трева и гранки или остатоци од чистење, употреба на машини пто создаваат искри, како што се пили, апарати за заварување, употреба на скари и сл, соопштуваат од секретаријатот за цивилна заштита во препораките до граѓаните за избегнување пожари.

Во изминатите 24 часа грчката противпожарна служба интервенирала за гаснење на 32 шумски пожари.

Преземено од: МИА

Поврзани вести

Кочанско поле со по два штрка на квадратен километар

Времето денеска: Сончево и топло

Кире Андонов

Прва граѓанска судска постапка против ЕУ за климатската политика