Image default
Вести Македонија

Повреден лимар по пад при изведување градежни работи

Градежен работник вчера при изведување активности на станбен објект во Штип паднал од висина од 3,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди. Министерството за внатрешни работи информира дека при изведување градежни работи на станбен објект, О.С. (54) од Штип, вработен како лимар, вчера околу 13:00 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Штип од засега непознати причини паднал од висина од 3,5 метри на бетонски под. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Зегин
Зегин

Преземено од: МИА

Поврзани вести

Мурати: Промената на границите само ќе ги зацврсти темелите на мирот меѓу Косово и Србија

Ерупција на вулкан во Гватемала – 25 мртви, има повредени и исчезнати

Трајче Гогов

Денеска можна одлука за референдумот