Image default
Спорт Фудбал

ЛЕ: Хулигани со шише во глава го погодија судијата на мечот Штурм – АЕК

На ужасни сцени бевме сведоци вчера во Австрија, каде Штурм беше домаќин на кипарски АЕК од Ларнака во третото квалификациско коло од Лигата на Европа.
Кипраните водеа со 2:0 со головите на Трилос во 46-тата и нашиот Тричковски во 74-тата, кога хулиган фрли шише на теренот, кое заврши во глава на помошник судијата Фредрик Клајвер. Тој остана да лежи во локва крв, а играта беше прекината 40 минути пред да продолжи и заврши 0:2.
Штурм се огласи многу брзо по натпреварот.
– Однесувањето на навивачите на денешниот натпревар во никој случај не е прифатливо. Тоа ја оштетува репутацијата на целиот фудбал и на нас како клуб. Ние секогаш се обидуваме да го славиме фудбалот, а фер плејот е наш приоритет. Жал ни е што ги разочаравме навивачите на фудбалот денеска. Лицето кое го погоди судијата е пронајдено и ќе биде санкционирано од страна на надлежните органи, се вели во соопштението.
Зегин
Зегин

Преземено од: МИА

Поврзани вести

Македонските кошаркари гостуваат во Швајцарија по потврда на првото место во групата

Тотенхем стана првиот тим без летен трансфер во историјата на Премиер лигата

Стефан Додиќ од Металур го носи епитетот најмлад стрелец во историјата на ЛШ