Image default
Вести Македонија

ГРЕКО: Борбата против корупцијата во Македонија е разочарувачка

Борбата против корупцијата во Македонија е разочарувачка – оценува во својот најнов извештај Групата држави против коруцпијата ГРЕКО.

Зегин

Од деветнаесет формулирани препораки на ГРЕКО, група која е тело на Советот на Европа,  Македонија задоволително исполнила шест, додека пет се неимплементирани, а осум само делумно.

Зегин

Првата препорака која не е исполнета во земјава се однесува на превенцијата на судир на интереси и примање подароци и други погодности во рамки на Собранието.  Според властите во Македонија препораката е обработена преку Кодексот за етичко однесување на пратениците, ревидиран во 2016 и усвоен на 11 јуни годинава, но од ГРЕКО сметаат дека неговото усвојување не е доволно.

Од Групата држави против коруцпијата исто така, сметаат дека во Македонија нема предлози од аспект на односите на пратениците со лобистите, што би вклучувало мерки како проверка на идентитет, вкрстени проверки со постоечки регистри, сфаќање кои интереси ги претставува лобистот и други мерки на транспарентност.

Третата препорака од ГРЕКО која земјава сепак не ја испочитувала се однесува на тоа дека треба да има санкции и соодветни мерки во сите случаи на повреда на правилата од страна на пратениците, а покрај ова иако е препорачано, Македонија не го има укинато членството на министерот за правда во Судскиот Совет. Последнта точка од извештајот го опфаќа дисциплинскиот режим на обвинителите, а од ГРЕКО посочуваат дека  земјава треба јасно да ги дефинира повредите и проширувањето на опсегот на санкциите.

 

Поврзани вести

Уморниот Заев

Кире Андонов

Пронајдено хероин при посета во штипскиот затвор

Времето денеска: Променливо облачно со повремен дожд